Вооружен напад во близина на бар во Охајо во САД: 9 лица загинаа, а 16 се ранети

Вооружен напаѓач изврши вооружен напад во близина на еден бар во градот Дејтон во сојузната држава Охајо во Соединетите Американски Држави (САД) во кој животот го загубија 9 лица, а 16 се ранети

1247641
Вооружен напад во близина на бар во Охајо во САД: 9 лица загинаа, а 16 се ранети

Во реализиран вооружен напад во близина на еден бар во градот Дејтон во сојузната држава Охајо во Соединетите Американски Држави (САД) животот го загубија 9 лица, а 16 лица се ранети. 

Според објавеното соопштение преку сметката на Управата на полицијата во Дејтон на социјалната медија, во областа Орегон во градот во 01:22 часот по локално време е извршен вооружен напад пред еден бар.

Полициските сили од областа во близина на местото на инцидентот интервенираа на нападот и за кусо време го неутрализираа напаѓачот.

Освен напаѓачот, во вооружениот напад животот го загубија 9 лица, а 16 лица се ранети и префрлени на лекување во околните болници.



Слични вести