Израел во позадината на спречувањето на продажбата на Ф-35 на Турција

Во последните две години САД на Израел му предаде 16 авиони од типот Ф-35

1246526
Израел во позадината на спречувањето на продажбата на Ф-35 на Турција

Во позадината на спречувањето за продажбата на борбените авиони Ф-35 од страна на САД на Турција се крие Израел со цел да ја сочува воената надмоќ во регионот.

Според веста на ТВ-канал „Канал 12“ кој се емитува во Израел, цел да ја сочува воената воздушна надмоќ на Израел во регионот беше откриено дека во суштина Израел се крие во позадината на спречувањето на продажбата на борбените авиони Ф-35 од страна на ССАД на Турција.

Во веста на израелскиот ТВ-канал се потенцира на откупот на Турција на одбранбениот систем С-400 од Русија. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја искористи приликата да купи ракетно-одбранбен систем од Русија поради што изврши притисок врз Вашингтон да го откаже договорот и да не и продаде на Турција од овие авиони.

Во последните две години САД на Израел му предаде 16 авиони од типот Ф-35, поради што на тој начин засега Израел е единствената земја која располага со овие авиони во регионот.

Израелската влада искористувајќи ги фондовите за помош на САД, потпиша договор со американската компанија Локхид Мартин за откуп на најмалку 50 авиони од типот Ф-35 и истите се планира да бидат испорачани до 2024 година.



Слични вести