Во пожарите во Сибир изгореа над 3 милиони хектари шумско подрачје

Рускиот претседател Владимир Путин на Министерството за одбрана му даде инструкција за помош во активностите за гасење на пожарот

1246144
Во пожарите во Сибир изгореа над 3 милиони хектари шумско подрачје

Во пожарите во Сибир и во источна Русија кои траат од минатата недела наваму изгореа и се претворија во пепел над 3 милиони хектари шумско подрачје.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Руското министерство за вонредни состојби беше истакнато дека во пожарите во Сибир и во источна Русија кои траат од минатата недела наваму изгореа и се претворија во пепел над 3 милиони хектари шумско подрачје.

Во соопштението се истакнува дека над 500 населени места во 20 различни подрачја биле изложени на неповолното влијание на чадот поради што во подрачјето биле испратени над 15 илјади пожарникари.

Рускиот претседател Владимир Путин на Министерството за одбрана му даде инструкција за помош во активностите за гасење на пожарот.

Врз база на оваа инструкција Министерството испрати 10 авиони и 10 хеликоптери на местото на пожарот.

Премиерот Дмитриј Медведев на вонредниот состанок на владата што го одржа во градот Краснојарск рече дека пожарите кои продолжуваат во подрачјето ги отежнуваат активностите за гасење на пожарот.

Министерот за природни ресурси и екологија Дмитриј Кобилкин од премиерот Медведев побара да одвои 3 милијарди рубљи за активностите за гасење на пожарот.

Според законите во Русија, гувернерите можат да донесат одлука да не го изгаснат пожарот доколку цената на чинење на гасење на пожарот ја надмине цената на штетата што ќе ја предизвика.

Законот е мета на остри критики на екологистите.

Според Светската метеоролошка организација, температурата на воздухот во Сибир во јуни изнесуваше 10 степени над просечната.

Поради пожарите во Сибир во руските подрачја Иркутск, Краснојарск, Забајкалск, Јакутија и Бурјатија беше прогласена итна состојба.



Слични вести