Германскиот комичар Јан Бохерман не ќе може да чита песна против Ердоган

Германскиот уставен суд ја одби жалбата која што беше поднесена до Покраинскиот суд на Хамбург

1245942
Германскиот комичар Јан Бохерман не ќе може да чита песна против Ердоган

Германскиот уставен суд ја одби жалбата која што беше поднесена до Покраинскиот суд на Хамбург за укинување на забраната за читање на некои делови на песната на комичарот Јан Бохерман која содржи навредливи зборови на сметка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Уставниот суд чие седиште се наоѓа во градот Карлсруе, ја одби жалбата поднесена против одлуката на Покраинскиот суд на Хамбург во врска со Бохерман и ја потврди одлуката на Покраинскиот суд.

Со оваа одлука комичарот Бохерман веќе не ќе може да чита некои делови од песната.

Лани Високиот покраински суд на Хамбург ја потврди одлуката на Покраинскиот суд и ја одби жалбата.



Слични вести