Големи протести во Хонг Конг

Хонгконг со „договорот за закуп“ потпишан во 1898 година долги години беше под владеење на Велика Британија.

1245529
Големи протести во Хонг Конг

Во Хонгконг, специјалниот административен регион на Кина, од вкупно 44 лица што беа притворени во протестите во неделата поради нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина, 43 се ослободени со кауција, а на 41 од нив им е забрането навечер да излегуваат на улица.

Според веста на „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post), 43 лица, кои беа притворени во протестите во неделата поради нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина, се ослободени со кауција.

На 41 лице им е забрането да излегуваат на улица во ноќните часови од 00:00 до 06:00.

Соопштено е дека едното од двете лица ослободени од полицискиот час работело како бебиситер, а другото бил пилот и морало да лета во ноќните часови.

Еден од осомничените обвинет за поседување ладно оружје, исто така, е ослободен со кауција.

Во Хонгконг, специјалниот административен регион на Кина, од вкупно 49 лица приведени на протестите одржани во неделата, 44 се обвинети за дигање „востание“. Поради тоа демонстрантите вчера повторно се судрија со полицијата.

За осомничените кои се приведени се тврди дека учествувале во демонстрации кои немале дозвола и поседувале ладно оружје.

Портпаролот на полицијата, Ју Хои Кван, изјави дека некои демонстранти ги уништувале оградите, фрлале со метални плочи и цигли.

Најмалку 16 лица се повредени во судирите во кои полицијата интервенирала врз демонстрантите со солзавец и пластични куршуми.

На 3 април пред Парламентот во Хонгконг беше приложен нацрт-закон со кој се олеснува екстрадицијата во Кина, специјалниот административен регион Макао и Тајван, на лицата кои се осудени или обвинети за кривични дела во Кина.

Предлог-законот ги исклучува политичките криминали, но мнозинството од граѓаните на Хонгконг, со население од 7,4 милиони, се загрижени дека луѓето ќе бидат изложени на произволни притворања, неправедни судски процеси, па дури и тортури под судскиот систем на Кина.

Опозицијата стравува дека доколку овој закон биде усвоен, тогаш е можно опозицијата во Хонгконг да биде земена како цел од страна на Кина.

Хонгконг со „договорот за закуп“ потпишан во 1898 година долги години беше под владеење на Велика Британија. Од 1997 година суверенитетот на Хонгконг е пренесен на НР Кина.

Во рамките на потпишаната заедничка декларација, Хонгконг доби право да ја штити својата административна независност до 2047 година, со политиката на „една земја, два система“, приклучувајќи се кон Кина само во области како што се надворешната политика и одбраната.



Слични вести