Данска ќе прифаќа азиланти од квотата на ОН

Министерот за имиграција и интеграција Тесфаје рече дека не се знае колку азиланти ќе бидат прифатени оваа година, но почнувајќи од идната година секоја година ќе прифаќаат по 500 азиланти

1245459
Данска ќе прифаќа азиланти од квотата на ОН

Данска се обрати до високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (ОН) за прифаќање азиланти од квотата на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).

Малцинската Влада на Социјалдемократската партија, поддржана од левиот блок, соопшти дека Данска е подготвена да прифати баратели на азил во рамките на квотата на ОН.

Министерот за имиграција и интеграција, Матјас Тесфаје, во изјава за медиумите рече дека Данска во текот на оваа година е подготвена да прифаќа азиланти и тоа го пријавила до високиот комесар на Обединетите нации за бегалци.

Тесфаје, истакнувајќи дека не се знае колку азиланти ќе бидат прифатени оваа година, рече дека почнувајќи од идната година секоја година ќе прифаќаат по 500 азиланти.

На парламентарните избори, одржани на 5 јуни, во Данска победи левиот блок и беше формирана малцинска Влада на Социјалдемократската партија.

Социјалдемократите, кои власта ја презедоа од десничарските партии, го укинаа законот од претходната Влада, со кој се предвидува азилантите да се соберат на остров, и почнаа да ги ублажуваат строгите регулативи за странците.



Слични вести