Русија ги обвини САД за криумчарење на нафта

Американските воени единици, освен со обучување на милитантите, се бават и со пљачкање на нафтените полиња во околината на реката Еуфрат

1244844
Русија ги обвини САД за криумчарење на нафта

Началникот на одделот за операции на рускиот ГШ Сергеј Рудској рече дека САД за возврат на криумчарењето со нафта на источната страна на Еуфрат, на Курдите и Арапите во регионот им помага во оружје.

Рудској на прес конференцијата што ја одржа во Министерството за одбрана направи проценка на ситуацијата во Сирија.

Американските воени единици во Сирија ги пљачкаат нафтените полиња во областа околу реката Еуфрат, рече Рудској и додаде:

„Американските воени единици, освен со обучување на милитантите, се бават и со пљачкање на нафтените полиња во околината на реката Еуфрат“.

Во последно време се забележува пораст на војниците на американските приватни компании во Сирија посочи Рудкој и додаде дека бројот на американските војници во регионот изнесува над 3500.

Исто така се забележува организираност во производството и продажбата на  нафтата од нафтените полиња источно од Еуфрат. Продолжува кражбата на националното богатство на Сирија. Порастот на американските воени единици во областа околу Еуфрат ја зголемува загриженоста. САД за возврат на криумчарењето на нафтата, на Курдите и Арапите во регионот им доставува помош во оружје, а потоа меѓусебно ги провоцира. Сите овие случувања уште повеќе ја влошуваат ситуацијата во регионот“ подвлече Рудској.



Слични вести