Се интензивираат расистичките реторики меѓу Трамп и Демократите во САД

Трамп рече дека Демократите не прават ништо за граѓаните од африканско потекло и само го користат овој адут

1243962
Се интензивираат расистичките реторики меѓу Трамп и Демократите во САД

Се интензивираат расистичките реторики меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Демократите во САД.

Доналд Трамп ја зголеми дозата на критиките против Елијах Кумингс, претставникот на областа Балтимор во која поголемиот број од популацијата се црнци и владее висока стапка на криминал.

Имено Трамп го обвинува Кумингс како претставник на провинцијата Мериленд, ништо не преземал во областа Балтимор за намалување на сиромаштијата и заостанатоста, потенцирајќи дека Демократите се поигруваат со расистичката карта.

Трамп во изјавата рече: „Навистина предизвикува големо жалење фактот дека Елијах Кумингс не прави ништо за граѓаните на Балтимор. Гледано од аспект на статистичките податоци, областа Балтимор за жал заостанува во сите полиња. Кумингс ги искористи сите богатства на Балтимор, но не направи ништо. Но граѓаните се освестуваат“ рече Трамп.

Трамп во една друга изјава рече дека Демократите не прават ништо за граѓаните од африканско потекло и само го користат овој адут. Денес се наоѓаме во период кога стапката на невработеност се наоѓа на најниско ниво. Елијах Кумингс е многу неуспешен н тоа поле.

Кумингс во одговорот рече: „Господине претседателе, јас секој ден одам во мојата куќа. Секое утро станувам и одам да се борам за мојата област. Моја уставна должност е да го следам и контролирам извршувањето на активностите на извршната власт. Но исто така борбата за мојата изборна единица е и моја етичка задача“.

Трамп меѓудругото упшати критики и на сметка на претседателката на Претставничкиот дом од Демократската партија Ненси Пелоси потенцирајќи дека воопшто не се ангажира за својата изборна единица Калифорнија. Наместо тоа, Пелоси се фокусира кон истражувањето во врска со шпекулациите за вмешаноста на Русија во претседателските избори што претставува измама.



Слични вести