Напад на Фестивалот на лукот во САД

На местото на настанот беа испратени полициски и амбулантни коли

1244368
Напад на Фестивалот на лукот во САД

Во вооружениот напад на Фестивалот на лукот во американската сојузна држава Калифорнија според првите претпоставки загинаа 3, а 12 лица беа повредени.

Според информациите кои беа објавени во медиумите, на Фестивалот на лукот во Гилрој кој традиционално се одржува секое лето на северот на Калифорнија, беше извршен вооружен напад.

Властите соопштија дека според првите утврдувања, во нападот загинале 3, а 12 лица биле повредени.

На местото на настанот беа испратени полициски и амбулантни коли, повредените беа префрлени во околните болници, додека напаѓачот сеуште не е фатен.

Се стравува од евентуално зголемување на бројот на загинатите и повредените.

Очевидците истакнаа дека напаѓачот бил бел човек на 30 годишна возраст и користел полуавтоматска пушка.



Слични вести