Авионска несреќа во Австралија

нема жртви, повредените се надвор од животна опасност

1244172
Авионска несреќа во Австралија

Во авионската несреќа во Австралија се повредени две лица од кои една жена.

Според соопштението кое беше објавено од страна на полицијата, во областа Вилијам Крек во провинцијата Јужна Австралија, еден мал авион во кој се наоѓаа две лица падна на една празна парцела.

Полицијата не ги објави имињата и идентитетите на патниците на авионот, 54 годишниот пилот и 53 годишна патничка кои се спасија од несреќата на авионот кој падна при слетување. Повредените со амбулантен хеликоптер беа префрлени во болницата во Аделаида.

Повредените се надвор од животна опасност.



Слични вести