Ерупции на вулканот Тангкубан Пераху во Индонезија

Привремено беа евакуирани туристичките подрачја во близината на вулканот и се испитуваше раздвиженоста на вулканот

1243227
Ерупции на вулканот Тангкубан Пераху во Индонезија

Ерупции на вулканот Тангкубан Пераху што се наоѓа во близината на градот Бандунг во провинцијата Западна Јава во Индонезија.

Според информациите кои беа објавени во индонезиските медиуми, денес на вулканот северно од Бандунг во 15.48 часот се случија ерупции.

По експлозиите кои траеја околу 5,5 минути, од вулканот почна да се се исфрла пепел чија височина достигна 200 метри.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Националната агенција за управа со катастрофи (БНПБ), привремено беа евакуирани туристичките подрачја во близината на вулканот и се испитуваше раздвиженоста на вулканот.



Слични вести