Кралицата Елизабета Втора на Борис Џонсон му ја додели должноста да ја формира новата влада

„На 31 октомври ќе се одвоиме (од ЕУ) и нема зошто како“ рече Џонсон

1241880
Кралицата Елизабета Втора на Борис Џонсон му ја додели должноста да ја формира новата влада

Британската кралица Елизабета Втора на Борис Џонсон му ја додели должноста да ја формира новата влада.

Борис Џонсон откако официјално стана нов премиер на Британија рече дека на 31 октоври ќе го остварат процесот на одвојување од ЕУ (Брегзит) и дека се спремни за одвојување без договор.

По оставката на премиерката Тереза Меј која ја поднесе на кралицата Елизабета Втора, Џонсон замина за Бакингемската плата.

На патот за палатата беше забележано дека група демонстранти се обидоа да го спречат патот на Џонсон.

Нешто потоа Џонсон првпат во својство на премиер замина во официјалната резиденција на премиерот и работната канцеларија број 10.

На доаѓањето Џонсон беше пречекан со аплаузи и во изјавата за печатот рече:

„На 31 октомври ќе се одвоиме (од ЕУ) и нема зошто како. Ќе постигнеме нов и подобар договор“.



Слични вести