Марк Еспер нов државен секретар за одбрана на САД

Кандидатурата на Еспер за државен секретар за одбрана на вчерашната седница беше усвоена со 90 гласа за, додека 8 гласаа против

Марк Еспер нов државен секретар за одбрана на САД

Кандидатот на американскиот претседател Трамп за нов државен секретар за одбрана на САД, Марк Еспер доби одобрение од Сенатот.

Кандидатурата на Еспер за државен секретар за одбрана кој минатата недела учествуваше на седницата за Комитетот за вооружени услуги при Сенатот, на вчерашната седница беше усвоена со 90 гласа за, додека 8 гласаа против.

По оставката на поранешниот државен секретар за одбрана на САД Џејмс Матис во јануари, заменикот Патрик Шанахан 7 месеци беше вршител на должноста државен секретар.

Трамп на 18 јуни најави дека Шанахан ја повлече кандидатурата за државен секретар за одбрана поради семејни причини.



Слични вести