Борис Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Борис Џонсон ја освои трката за нов премиер на Велика Британија

Борис Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Борис Џонсон кој беше избран за претседател на Конзервативната партија, избран за нов премиер на Велика Британија.

На гласањето кое се одржа со имејл пораките на членовите на партијата, Џонсон освои 92 153, додека противникот министерот за надворешни работи Џереми Хант 46 656 гласови.

Џонсон кој седна на лидерската фотелја на владејачката партија, истовремено стана и нов премиер на земјата.

Во говорот што го одржа по објавувањето на резултатите Џонсон рече дека сега е време да се оствари процесот БРЕГЗИТ, да се обедини земјата и да се победи Џереми Корбин (лидерот на Лабуристичката партија).

Поминуваме низ еден критичен период на „пријателство“ и „демократско самоуправување“ со  Европа, односно кога двете желби се соединуваат, поради што вреднувањето на овие две „неусогласиви“ желби, не ја одразуваат вистината.

Џонсон говорот го заврши со следните зборови „кампањата заврши, сега е време за работа“.

Утре премиерката Тереза Меј ќе ја поднесе оставката до кралицата Елизабета втора, по кој настан Џонсон во Бакингемската палата се очекува да ја преземе премиерската функција.

Премиерката Меј, по трикратното одбивање на Договорот Брегзит од страна на Парламентот кој беше постигнат со ЕУ, не можеше да издржи на притисокот на внатрешната партиска опозиција, поднесе оставка и најави дека по определувањето на новиот лидер ќе ја напушти премиерската функција.

На референдумот во 2016 во Велика Британија, Меј се стекна со поддршка за одвојување од ЕУ и истата се предвидуваше да се спроведе на 29 март. Но по неколкукратното одбивање на Договорот Брегзит од страна на парламентот, договорот беше одложен за 31 октомври.



Слични вести