Израелските војници уапсија 19 Палестинци во Западниот Брег
Во соопштението на израелската армија се истакнува дека уапсените лица беа префрлени во центарот за притвор

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на израелската армија беше истакнато дека поголемиот број од уапсените лица во рамките на ноќните рации кои беа извршени во различни подрачја на Западниот Брег беа вмешани во терористички акции.
Во соопштението се истакнува дека уапсените лица беа префрлени во центарот за притвор.
Израелските безбедносни сили често вршат рации врз окупираните подрачја во Западниот Брег и источен Ерусалим поради што ги приведуваат и апсат Палестинците.
По вообичаените апсења во Западниот Брег и Источен Ерусалим, во последно време се забележува дека се апсат и жени и деца.
Според официјални палестински извори, во затворите во Израел се наоѓаат околу 5500 Палестинци од кои околу 500 административно затворени лица и 220 деца.
Израел под изговорот „административен притвор“ приведените Палестинци врз основа на разузнавачки информации може да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.