Израел започна со уривање куќи во Источен Ерусалим

Палестинците поднесоа жалба до Врховниот суд за да се стопира уривањето на 10 згради

1240025
Израел започна со уривање куќи во Источен Ерусалим

Израелските сили почнаа да уриваат некои палестински домови во окупираниот Источен Ерусалим, бидејќи се близу до жичените бариери, кои се продолжеток на Sидот на поделбата (срамот), пренесува Anadolu Agency (AA).

Според локалните извори, голем број израелски војници и полицајци, во раните утрински часови, придружувани од тешка машинерија влегоа во маалото Вади ел-Хумус во областа Сур-Бахер во Источен Ерусалим.

Израелските сили, со одлука на израелскиот Врховен суд, во областа Сур-Бахер насилно евакуираа некои од палестинските домови, бидејќи се близу до жичените бариери кои се продолжеток на Sидот на поделбата. 

Тензијата меѓу жителите, кои реагираа на оваа одлука, и израелските сили постепено почна да се зголемува. Градежната механизација на Израел досега сруши една двокатна зграда.

Во регионот, забележано е дека голем број израелски војници поставуваат експлозивен материјал во една повеќекатна зграда, со цел да биде срушена.

Минатиот месец, израелскиот Врховен суд пресуди зградите во Сур-Бахер да бидат уривани, тврдејќи дека се наоѓаат во близина на жичените бариери, кои се продолжеток на Sидот на поделбата (срамот) и дека „претставуваат опасност за безбедноста“ на областа. На сопствениците на имотот им дадоа рок до 18 јуни да ги урнат своите објекти.

По таа одлука Палестинците поднесоа жалба до Врховниот суд за да се стопира уривањето на 10 згради, кои се во фаза на изградба, но судот го отфрли тоа барање.

Експертите предупредуваат дека одлуката на израелскиот суд може да доведе до уривање на многу куќи во другите делови на Палестина.



Слични вести