Лавров на средбата со Мас во Бон: Треба да се зачува иранскиот нуклеарен договор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на одржаната заедничка прес конференција со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во Бон истакна дека треба да се зачува иранскиот нуклеарен договор

1238519
Лавров на средбата со Мас во Бон: Треба да се зачува иранскиот нуклеарен договор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во германскиот град Бон се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас. 

По средбата двајцата министри за надворешни работи одржаа заедничка прес конференција. 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека треба да се зачува иранскиот нуклеарен договор. 

"Земјите потписнички на договорот треба да го воспостават единството по прашањето за позицијата. Не може да се постигне одреден резултат мислејќи дека одржувањето во живот на договорот е поврзано само со Иран." - рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров воедно ја подвлече и потребата за решавање на проблемот во Персискиот залив преку дијалог.



Слични вести