Билансот на жртвите од поплавите во Индија се зголеми на 136 лица

Според веста на весникот „Hindustan Times“, надлежни соопштија дека во поплавите предизвикани од поројните врнежи во последните денови загинаа 136 лица од кои 78 во провинцијата Бихар, 39 во Асам, 8 во Мегалаја, 6 во Утар Прадеш и 5 лица во Мизорам

1238814
Билансот на жртвите од поплавите во Индија се зголеми на 136 лица

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои што владеат во последните денови во источните и североисточните делови на Индија се зголеми на 136 лица.

Според веста на весникот „Hindustan Times“, надлежни соопштија дека во поплавите предизвикани од поројните врнежи во последните денови загинаа 136 лица од кои 78 во провинцијата Бихар, 39 во Асам, 8 во Мегалаја, 6 во Утар Прадеш и 5 лица во Мизорам.

Надлежни истакнуваат дека од поплавите се погодени 5,5 милиони лица во провинцијата Бихар и 5,4 милиони лица во провинцијата Асам, а воедно додаваат дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите.

Во провинцијата Асам се оштетени 4 илјади куќи, а во Мегалаја од поплавите се погодени 155 илјади лица.

Одделот за метеорологија на Индија (ИМД) соопшти дека во 9 области на провинцијата Бихар се очекуваат силни врнежи од дожд во периодот од 21 до 23 јули и издаде предупредување со црвена тревога во 3 области на провинцијата Керала.

Исто така и во лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи во провинцијата Мегалаја беа оштетени патишта и некои државни згради, а во провинцијата Мизорам поради излевање на реките од своите корита 32 села останаа под вода и беа евакуирани најмалку илјада семејства.

Во провинцијата Асам повеќе од 90 отсто од Националниот парк Казиранга останаа под вода, а настрадаа и 30 животни меѓу кои и еден слон и 4 носорози.



Слични вести