13. состанок за Сирија на земјите гарантори ќе се одржи на 1 и 2 август во Нур Султан

На состанокот со формат од Астана освен земјите гарантори Турција, Русија и Иран, ќе учествуваат и режимот на Бешар Асад и воените опозиционери на Сирија, а во својство на посматрачи ќе учествуваат и делегации на ОН, Јордан, Либан и Ирак

1238919
13. состанок за Сирија на земјите гарантори ќе се одржи на 1 и 2 август во Нур Султан

13. состанок на земјите гарантори посветен на Сирија ќе се одржи на 1 и 2 август во главниот град на Казахстан, Нур Султан.

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Казахстан, на состанокот со формат од Астана освен земјите гарантори Турција, Русија и Иран, ќе учествуваат и режимот на Бешар Асад и воените опозиционери на Сирија, а во својство на посматрачи ќе учествуваат и делегации на Обединетите нации (ОН), Јордан, Либан и Ирак.

На состанокот ќе биде разгледана актуелната состојба во Сирија на чело со подрачјето на градот Идлиб.

На маса ќе бидат поставени и мерките за зголемување на довербата меѓу страните и формирањето нан Уставниот комитет.

Состанокот ќе започне со билатерални и трилатерални технички разговори, а главниот состанок ќе се одржи на 2 август.

На 12. состанок што се одржа на 25 и 26 април на Лиибан и Ирак им беше доделен статус на посматрачи со што овие две земји на состанокот со формат од Астана што ќе се одржи во главниот град на Казахстан, Нур Султан на 1 и 2 август ќе учествуваат за прв пат.



Слични вести