Зариф: Доколку САД стават крај на "економската војна" би можеле да разговараме повторно

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека доколку САД стават крај на "економската војна" против неговата земја би можело да се разговара повторно

1237456
Зариф: Доколку САД стават крај на "економската војна" би можеле да разговараме повторно

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф во дадената изјава за новинарите во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) за водење „економска војна“ против Иран. 

Зариф истакна дека доколку Соединетите Американски Држави (САД) стават крај на „економската војна“ што ја води против неговата земја би можеле да разговараат со управата на Трамп. 

На едно поставено прашање кој би требало да биде првиот чекор за да седне Иран на маса со САД, Џевад Зариф одговори: „САД водат економска војна против Иран и таа цели кон цивилите, цивилите се подложени на терор. Оваа состојба значи терор. Доколку САД стават крај на тоа, другите работи ќе продолжат.“

Во врска со ограничувањата за патување кои што САД ги воведоа кон него и кон иранските дипломати и нивните семејства во Њујорк пак, Зариф за истите рече дека „не се човечки (хумани).“

Американскиот државен секретаријат, на Зариф за кого е донесено ограничување за патување во Њујорк му дозволи да оди само во Обединетите нации (ОН), постојаното претставништво на Иран, резиденцијата на постојаното претставништво и до аеродромот. 

Исто така и постојаното претставништво на САД во Обединетите нации (ОН) во испратената нота до постојаното претставништво на Иран, соопшти дека истите ограничувања ќе се применуваат и за иранските дипломати и нивните семејства.

Инаку, управата на САД откако во мај 2018 година се повлече еднострано од потпишаниот нуклеарен договор во 2015 година, повторно почна да ги спроведува санкциите кон Техеран.

Иран посака од останатите земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и од Германија да биде зачуван договорот, меѓутоа неговото очекување не беше исполнето.

По ваквиот развој, властите во Техеран на 1 јули соопштија дека е надмината количината на резерви на ураниум внесена во договорот, а на 8 јули дека е надмината границата на збогатениот ураниум.



Слични вести