Во подметнат пожар во студио за анимација во Кјото, во Јапонија загинаа 23 лица

Полицијата истакна дека во пожарот животот го загубија 23 лица, а 36 лица се повредени, а воедно ја сподели и информацијата дека меѓу повредените се наоѓало и 41. годишното лице за кое се вели дека го подметнало пожарот

1238306
Во подметнат пожар во студио за анимација во Кјото, во Јапонија загинаа 23 лица

Во подметнат пожар во студио за анимација во градот Кјото во западниот дел на Јапонија животот го загубија 23 лица, а 36 лица се повредени.

Според веста на новинската агенција „Кјодо“, полицијата соопшти дека пожарот бил подметнат од страна на едно лице кое истурило запалива течност на троспратната зграда на студиото за анимација „Кјото Анимејшн“.

Полицијата истакна дека во пожарот животот го загубија 23 лица, а 36 лица се повредени, а воедно ја сподели и информацијата дека меѓу повредените се наоѓало и 41. годишното лице за кое се вели дека го подметнало пожарот, а кое било префрлено на лекување во болница.

Освен тоа беше истакнато дека полицијата на местото на настанот нашла и ножеви.

Во моментот кога избувнал пожарот се претпоставува дека во троспратната зграда се наоѓале приближно 70 лица.

Очевидци истакнуваат дека слушнале експлозија и виделе како од зградата се издигнуваат црни облаци од чад.

Инаку, студиото за анимација „Кјото Анимејшн“ („KyoAni“) чие седиште се наоѓа во Ужи и е формирано во 1981 година, е познато по големиот број анимациски продукции и серии.



Слични вести