Трамп не сака санкции врз Турција

Фактот дека Турција е земја членка на НАТО ја комплицира состојбата

1241902
Трамп не сака санкции врз Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со Републиканските сенатори што го одржа претходниот ден во Белата куќа наводно не сакал да се спроведат санкции врз Турција.

Според веста која беше објавена од страна на американскиот ТВ-канал СиЕнЕн врз основа на изјавите на двајцата Републикански Сенатори кои истакнаа дека Трамп на состанокот со Републиканските Сенатори кој беше затворен за печатот и траеше 70 минути во врска со санкциите кои се предвидува да се спроведат врз Турција во врска со откупот на руското оружје истакнаа дека Трамп не сакал да се спроведат санкции врз Турција. Трамп на состанокот не направил конкретни и специфични вреднувања во врска со евентуалните санкции врз Турција. Наместо тоа направил општо вреднување на прашањето.

Според тоа, сенаторите истакнаа дека во рамките на Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции (CAATSA) требна да се спроведат санкции врз Турција, но поради фактот дека Турција е земја членка на НАТО, состојбата се комплицира.



Слични вести