Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 109 лица

Според веста на весникот „Hindustan Times“, надлежни соопштија дека во поплавите предизвикани од поројните врнежи во последните денови загинаа 109 лица од кои 6 мина во провинцијата Утар Прадеш, 30 во Асам, 67 во Бихар, 5 во Мизорам и 1 лице во Мегалаја.

1238062
Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 109 лица

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои што владеат во последните денови во источните и североисточните делови на Индија се зголеми на 109 лица.

Според веста на весникот „Hindustan Times“, надлежни соопштија дека во поплавите предизвикани од поројните врнежи во последните денови загинаа 109 лица од кои 6 мина во провинцијата Утар Прадеш, 30 во Асам, 67 во Бихар, 5 во Мизорам и 1 лице во Мегалаја.

Надлежни истакнуваат дека од поплавите се погодени 4,6 милиони лица во провинцијата Бихар и 5,57 милиони лица во провинцијата Асам, а воедно додаваат дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите.

Исто така и во лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи во провинцијата Мегалаја беа оштетени патишта и некои државни згради, а во провинцијата Мизорам поради излевање на реките од своите корита 32 села останаа под вода и беа евакуирани најмалку илјада семејства.

Во провинцијата Асам повеќе од 90 отсто од Националниот парк Казиранга останаа под вода, а настрадаа и 30 животни меѓу кои и еден слон и 4 носорози.



Слични вести