Путин: „Спремни сме за дијалог со ЕУ“

Урсула вон дер Лејен ќе придонесе во постигнувањето еднакво и меѓусебно партнерство меѓу ЕУ и Русија

1237183
Путин: „Спремни сме за дијалог со ЕУ“

Рускиот претседател Владимир Путин изрази спремност за дијалог во врска со актуелните политички, економски и социјални прашања со ЕУ.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на претседателскиот дворец на Русија во Кремљ, Путин на германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен која беше назначена за претседател на Европската комисија и испрати порака со честитки.

Во соопштението беше изразено убедување дека Лајен ќе придонесе во постигнувањето еднакво и меѓусебно партнерство меѓу ЕУ и Русија.

Владимир Путин рече дека Русија е спремна за конструктивен дијалог со ЕУ во врска со актуелните политички, економски и социјални прашања.

Европскиот парламент на вчерашната седница го ратификува назначувањето на германската министерка за одбрана за претседател на Еврокомисијата.



Слични вести