ОН: Во Јемен од почетокот на годината досега, за 7 месеци се раселени повеќе од 274 илјади лица

Во соопштението на Високиот комесаријат на ОН (УНХЦР) се истакнува дека поради судирите кои што продолжуваат во Јемен за 7 месеци повеќе од 274 илјади лица се принудени да ги напуштат своите домови и да се иселат во други области

1236965
ОН: Во Јемен од почетокот на годината досега, за 7 месеци се раселени повеќе од 274 илјади лица

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека во Јемен од почетокот на годината досега се принудени да ги напуштат своите домови повеќе од 274 илјади лица.

Во објавеното соопштение преку официјалната сметка на Твитер на канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Јемен, се упатува повик до завојуваните страни за заштита на цивилите и цивилната инфраструктура.

Во соопштението се истакнува дека поради судирите кои што продолжуваат за 7 месеци повеќе од 274 илјади лица се принудени да ги напуштат своите домови и да се иселат во други области.

Во соопштението воедно се вели дека бројот на загинатите или ранетите лица во последната една недела изнесува 75.

Во Јемен каде што долго време владее политичка нестабилност, се водат судири помеѓу Хусите и силите лојални на јеменската влада. 

Хусите, од септември 2014 година досега ги држат под своја контрола главниот град Сана и други области на Јемен, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година против Хусите ја поддржуваат легитимната влада на Јемен.



Слични вести