Наставната програма во Мароко ќе се предава на француски

Мароко, политиката за арапизирање на образованието ја прифати во 1977 година

1236853
Наставната програма во Мароко ќе се предава на француски

Наставната програма во Мароко ќе се предава на француски.

Претставничкиот дом на Мароко го усвои предлог-законот според кој се предвидуваат реформи во образованието и наставната програма да се предава на француски јазик.

Вториот дискутабилен член на предлог-законот подготвен од страна на Министерството за образование на седницата на Претставничкиот дом беше усвоен со гласовите на пратениците на коалиционите партии и некои опозициони партии, додека коалициониот партнер Партијата за правда и развој (АЈД) на Мароко гласаше против.

Членовите во врска со бесплатното школување и вработувањето беа изгласани претходно, додека дискусиите во врска со образованието на странски јазик или јазици трае подолг временски период.

Предлогот за предавање на наставата на некои предмети во образованието на француски јазик наиде на големи реакции од страна на некои синдикати, воспитувачи и интелектуалци како и политичари.

Мароко, политиката за арапизирање на образованието ја прифати во 1977 година. Но и покрај тоа, предметите по наука, технологија и математика до 1990-те години се предаваа на француски. Образованието на природно-математичките, економските, медицинските и инженерските факултети се одржуваше на француски јазик, додека наставата во средното образование се одржуваше на француски се додека не се арапизираат сите предмети.



Слични вести