Германката Урсула фон дер Лејен избрана за нов претседател на Европската комисија

На гласањето во Европскиот парламент (ЕП) германката Урсула фон дер Лејен со тесно мнозинство на гласови, 383 гласа „за“, 327 гласа „против“ и 22 воздржани е избрана за нов претседател на Европската комисија

1236811
Германката Урсула фон дер Лејен избрана за нов претседател на Европската комисија

Европскиот парламент (ЕП) го ратификува назначувањето на досегашната германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен за нов претседател на Комисијата на Европската унија (ЕУ).

На одржаното гласање на Генералната седница на Европскиот парламент (ЕП) во францускиот град Стразбур, назначувањето на Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската комисија (ЕК) е усвоено со 383 гласа „за“, 327 гласа „против“ и 22 воздржани. 

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) по долги пазарења предложија за претседател на Европската комисија (ЕК) да биде назначена германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен.

На тој начин Лејен стана прва жена избрана за претседател на Европската комисија (ЕК).

Урсула фон дер Лејен која влезе во политиката на 43 години и беше првата жена министерка за одбрана на Германија, оваа своја должност ја извршуваше од 2013 година.

61-годишната Лејен е родена во Белгија, на 13 години со своето семејство се преселиле во Германија и е членка на партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Демохристијанската унија (ЦДУ) која инаку делува во склопот на Европската народна партија (ЕПП), како најбројна политичка група во Европскиот парламент (ЕП).

Лејен упати повик за формирање на „Европска армија“ и против неја е покрената истрага со образложение дека во својата канцеларија вработила советници кои не се вработени во Министерството за одбрана.

Урсула фон дер Лејен дипломирала на Медицинскиот факултет во Хановер и знае германски, француски и англиски.

Функцијата претседател на Европската комисија (ЕК), како институција од чија страна е започнат законодавниот процес во Европската унија (ЕУ), а освен тоа како извршен орган на Унијата е одговорна за спроведување на законодавството, буџетот и програмите, се наоѓа на чело на значајните фотелји на Европската унија (ЕУ).

Во склопот на Европската комисија (ЕК) која освен од еврокомесари се состои од службеници на Европската унија (ЕУ), се наоѓа и административна управа составена од 25 илјади вработени. 

На сегашниот актуелен претседател на Европската комисија (ЕК) луксембуржанецот Жан-Клод Јункер мандатот му истекува на 31 октомври 2019 година.

Новоизбраната претседателка Урсула фон дер Лејен, се очекува да почне да ја извршува должноста од 1 ноември.



Слични вести