Во Израел продолжуваат протестите на Евреите по потекло од Етиопија

Демонстрантите, Евреи од етиопско потекло, кои се собраа во близина на израелскиот Парламент, Кнесетот, во Западен Ерусалим (Кудс), оттука почнаа да маршираат кон улицата Јафа

1236207
Во Израел продолжуваат протестите на Евреите по потекло од Етиопија

Во Израел Евреите по потекло од Етиопија протестираа против ослободувањето на полицаецот кој го уби Соломон Теках.

Демонстрантите кои се собраа во близина на израелскиот Парламент, Кнесетот, во Западен Ерусалим (Кудс), оттука почнаа да маршираат кон улицата Јафа.

Демонстрантите облечени во маици со сликата на Соломон Теках и на кои што беа напишани имињата на други Евреи од етиопско потекло кои беа убиени од страна на полицијата во Израел, протестираа против насилството на израелската полиција и расизмот. 

Големиот број учесници на протестот често го извикуваа слоганот „Полициска држава“ и повремено дојде и до нереде помеѓу демонстрантите и израелската полиција.

Некои од групата демонстранти беа притворени од страна на полицијата со употреба на сила, додека демонстрантите беа поддржани со аплаузи и од страна на голем број Израелци.

Во објавеното писмено соопштение од страна на израелската полиција се истакнува дека за време на протестот биле притворени најмалку 7 лица.

Во вестите објавени во израелскиот печат беше истакнато дека била донесена одлука за ставање крај на домашниот притвор и пуштање на слобода на полицаецот од чија страна на 30 јуни во градот Кирјат Хаим во северниот дел на земјата беше застрелано и убиено лицето Соломон Теках, Евреин од етиопско потекло. Освен тоа поради безбедносни причини не беше соопштен и идентитетот на израелскиот полицеаец.  

Во спроведената истрага од страна на израелската полиција беше истакнато дека полицаецот кој бил замешан во инцидентот бил на протешка со своето семејство и притоа интервенирал на една тепачка меѓу младите и притоа за да ги сопре младите од чија страна, како што се наведува „бил нападнат“, пукал со својот пиштол во земјата но притоа куршумот се одбил од асфалтот и го погодил и убил Евреинот од етиопско потекло Соломон Теках.



Слични вести