При уривање на четириспратна зграда во индискиот град Мумбаи се затрупани повеќе од 40 лица

Противпожарните екипи и Националните сили за интервенција при елементарни непогоди, ги започнаа активностите за спасување на затрупаните лица под рушевините на урнатата зграда

1236543
При уривање на четириспратна зграда во индискиот град Мумбаи се затрупани повеќе од 40 лица

Во населеното место Донгри кај градот Мумбаи во Индија се урна една четириспратна зграда при што се истакнува дека под рушевините се наоѓаат затрупани најмалку 40 лица.

Досега се извадени од под рушевините мртвите тела на две лица.

Противпожарните екипи и Националните сили за интервенција при елементарни непогоди, ги започнаа активностите за спасување на затрупаните лица под рушевините на урнатата зграда. 

Екипите досега ги извлекоа од под рушевините мртвите тела на 2 лица.

Како што се дознава, урнатата повеќекатница била стогодишна зграда и дека поради безбедносни причини од страна на пожарникарните екипи биле евакуирани и зградите споени со урнатата зграда.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на повеќе од 40 лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат затрупани под рушевините. 

Инаку, во Мумбаи, кој е едниот од најмногу населените градови во светот, безбедноста на зградите се оценува како еден од основните проблеми.



Слични вести