При експлозија на бомба во Авганистан загинаа 9 цивили

Гувернерот на Кандахар Хајатулах Хајат изјави за печатот дека во експлозијата на бомба поставена на крајот на патот во селото Дерзаб кај населеното место Хакриз загинаа 9 цивили, а 18 мина се ранети

1236145
При експлозија на бомба во Авганистан загинаа 9 цивили

При експлозија на бомба поставена на крајот на патот во Авганистан загинаа 9 цивили, а 18 мина се ранети.

Како што се истакнува, при експлозија кај населеното место Хакриз во провинцијата Кандахар во јужниот дел на земјата животот го загубија 9 цивили.

Гувернерот на Кандахар Хајатулах Хајат изјави за печатот дека во селото Дерзаб кај населеното место Хакриз во моментот на поминување на возило во кое се наоѓаа цивили експлодира поставена бомба на крајот на патот.

Велејќи дека во експлозијата животот го загубија 9 цивили, Хајат напомена дека беа ранети и 18 лица.

Хајат напомена дека бомбата била поставена од страна на Талибан.



Слични вести