Могерини: Ќе работиме за повторно целосно применување на нуклеарниот договор од страна на Иран

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека ЕУ ќе работи за повторно целосно применување на нуклеарниот договор од страна на Иран

1236153
Могерини: Ќе работиме за повторно целосно применување на нуклеарниот договор од страна на Иран

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини по одржаниот состанок на Советот за надворешни работи на Унијата во белгискиот главен град Брисел одржа прес конференција на која направи проценка на нуклеарниот договор со Иран. 

Могерини истакна дека ЕУ ќе работи за повторно целосно применување на нуклеарниот договор од страна на Иран.

Велејќи дека на состанокот со министрите од земјите на Европската унија (ЕУ) беше разговарано за чекорите кои што би можеле да се фрлат за зачувување и целосно применување на иранскиот нуклеарен договор, Могерини рече: „Ќе работиме за повторно целосно применувањњ на нуклеарниот договор од страна на Иран.“

Могерини наведе дека страните кои остануваат приврзани иранскиот нуклеарен договор прекршувањата од страна на Техеран не ги оценуваат како значајна неусогласеност и порача дека страните моментално не мислат да го стават во примена против Иран механизмот за решавање на спорот кој што е внесен во договорот.

Привлекувајќи внимание дека одлуките кои што ги донесе Иран против нуклеарниот договор се одлуки од кои што може да се врати назад, Могерини рече: „Од Иран очекуваме повторно да се придржува кон нуклеарниот договор.“

Иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи претходно изјави дека поради тоа што на 8 мај не се исполнети очекувањата на неговата земја во нуклеарниот договор го ставаат во примена „Вториот чекор“ од применувањата кои што се однесуваат на 60 дена, а во врска со непочитувањето на некои од своите дадени ветувања во рамките на договорот.

Аракчи исто така на 7 јули го изјави следното: „Денеска дојдовме на крајот на првите 60 дена. Поради тоа што на 8 мај не се исполнети нашите барања го ставаме во примена Вториот чекор. Во Вториот чекор прогласуваме дека нема да се придржуваме кон процентот и количината на збогатување на ураниумот, кои што ги ветивме (во нуклеарниот договор).“

Инаку, нуклеарниот договор познат под името Заеднички сеопфатен план за акција кој што беше потпишан во 2015 година меѓу петте земји постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) плус Германија и Иран, му дава право на Техеран за продолжување на своите активносдти за збогатување на ураниумот во процент од 3,67 отсто. Исто така согласно договорот, Иран може да располага со максимум 300 килограми ураниум. 

 



Слични вести