Коалиционите сили и терористичката ЈПГ/ПКК, причина за смртта на 13 цивили во Деир ез-Зор

Коалиционите сили предводени од САД и нивните партнери припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, синоќа реализираа десантна акција за фаќање на еден член на ДЕАШ при што се убиени и 13 цивили

1236587
Коалиционите сили и терористичката ЈПГ/ПКК, причина за смртта на 13 цивили во Деир ез-Зор

Коалиционите сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) и сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, станаа причина за смртта на 13 цивили во градот Деир ез-Зор во Сирија.

Според добиени информации од локални извори во Деир ез-Зор, коалиционите сили предводени од САД и нивните партнери припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, која инаку го користи името Сириски демкратски сили (СДФ), синоќа реализираа десантна акција за фаќање на еден член на ДЕАШ.

Терористите припадници на ЈПГ/ПКК кои со хеликоптери на САД се спуштија во месноста Тикни отворија оган на куќата  каде се наоѓал бараниот член на ДЕАШ и на околните куќи, при што освен бараниот терорист на ДЕАШ животот го загубија и 13 цивили.

Од страна на САД засега не е објавено било какво соопштение во врска со случајот.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која е поддржана од САД, градот Деир ез-Зор во близина на границата со Ирак го зазеде од рацете на ДЕАШ во декември 2018 година.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) претходно на 20 март соопшти дека од интервенцијата на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) во септември 2014 година, досега се убиени вкупно 3.035 цивили од кои 924 деца и 656 жени.



Слични вести