Кандидат на Трамп за секретар за одбрана е актуелниот вршител на оваа должност Марк Еспер

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа, се истакнува дека официјалната кандидатура на Марк Еспер за секреар за одбрана е доставена до Сенатот

1236530
Кандидат на Трамп за секретар за одбрана е актуелниот вршител на оваа должност Марк Еспер

Кандидатурата на Марк Еспер кој од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за секретар за одбрана, од страна на Белата куќа официјално е испратена до Сенатот.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа, се истакнува дека официјалната кандидатура на Еспер е доставена до Сенатот.

Кандидатурата на Еспер за нов секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) најпрвин се очекува да биде усвоен во комитетот, а потоа на седница на Сенатот.

Доколку Марк Еспер добие доволен број гласови ќе стане нов секретар за одбрана на САД. 

Инаку, по напуштањето на функцијата секретар за одбрана на САД од страна на Џејмс Матис, вршител на должноста секретар за одбрана во текот на приближно 7 месеци беше Патрик Шанахан.

Потоа, американскиот претседател Доналд Трамп на 18 јуни соопшти дека Шанахан ја напуштил оваа должност, додека самиот Шанахан изјави дека одлуката ја донел поради семејни причини.



Слични вести