15-ти јули се одбележува и во странство

На комеморативната седница што се одржа под покровителство на Амбасадорот на Турција во Брисел Левент Ѓумрукчу беше потенцирано дека сеуште не заврши борбата против ФЕТО

1236014
15-ти јули се одбележува и во странство
belcika 15 temmuz.jpg
baku 15 temmuz.jpg

Кукавичкиот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15-ти јули 2016 не се заборава и не се диозволува да се заборави не само во Турција туку и во светот.

На манифестацијата што се одржа во Баку по повод 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство, на јавноста уште еднаш и беше претставено вистинското и кукавичко лице на ФЕТО. Во чест на хероите-шехидите  кои загинаа во подмолниот напад се читаа молитви од светата книга Куранот.

Претседателот на комисијата за надворешни односи при Големото национално собрание на Турција Волкан Бозкир во говорот што го одржа во оваа прилика рече настанот кој беше доживеан ноќта на 15 јули претставува најтежок терористички напад. Турција продолжува да ги заздравува раните кои беа нанесени таа ноќ.

Доброволното излегување на народот на улиците, без никаков притисок и очекување претставува беспрекорен и голем настан во историјата, рече Бозкир потенцирајќи дека кукавиците ги добија заслужените казни во рамките на правото и продолжуваат да ги добиваат.

На прес конференцијата што се одржа во Амбасадата на Турција во Нур Султан (поранешна Астана), на граѓаните им беа објаснети кукавичките планови на ФЕТО.

На хероите-шехидите од 15-ти јули во Белгија им беше оддадена почит со читање молитви.

На комеморативната седница што се одржа под покровителство на Амбасадорот на Турција во Брисел Левент Ѓумрукчу беше потенцирано дека сеуште не заврши борбата против ФЕТО.

Во рамките на седницата беше прикажан специјалниот документарен филм што беше подготвен по повод 15-ти јули.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар објави порака по повод 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство.

Татар во пораката истакна дека „Играта што сакаа да ја одиграат ноќта на 15 јули беше пореметена благодарение на храброста на турскиот народ“.

На комеморациите по повод 15-ти јули, во Русија, Шведска, Данска, Јужна Корејам Тајван, Австралија, Грузија, источен Ерусалим кој се наоѓа под израелска окупација, Ирак, Пакистан се читаа молитви за шехидите.



Слични вести