Во воздушни напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 11 цивили од кои 4 деца

Воени авиони на Асадовиот режим и Русија од синоќа ги бомбардираа населените места Хан Шејхун и Кеферума и селата Бсида, Маритирме, Кеферја и Кеферавид во подрачјето на градот Идлиб и во овие напади загинаа 11 цивили од кои 4 деца

1235239
Во воздушни напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 11 цивили од кои 4 деца

Во реализирани воздушни напади на воени авиони на режимот на Асад и Русија врз населените места во границите на "Зоната за намалување (деескалација) на судирите во Идлиб", животот го загубија 11 цивили од кои 4 деца. 

Воените авиони на Асадовиот режимот и Русија од синоќа ги бомбардираа населените места Хан Шејхун и Кеферума и селата Бсида, Маритирме, Кеферја и Кеферавид, кои се наоѓаат во границите на зоната за деескалација на судирите во Идлиб.

Според добиени информации од Цивилната Одбрана (Белите Беретки), во населеното место Хан Шејхун животот го загубија 8 цивили од кои 4 деца, а во селото Кеферја загинаа 3 цивили.

Во нападите кои што беа реализирани од синоќа се ранети и голем број цивили.

Авионската опсерваторија на опозиционерите во објавеното соопштение преку социјалните медиуми во врска со воздушниот напад врз населеното место Хан Шејхун го истакна следоното: „Руски воен авион полета од воената база Химејмим“



Слични вести