Во Судан спречен нов обид за воен удар

Во Судан бил извршен нов неуспешен обид за воен удар во кој учествувале воени лица на активна воена задача и пензионирани од вооружените сили и разузнавачката служба

1234401
Во Судан спречен нов обид за воен удар

Преодниот воен совет во Судан соопшти дека е спречен нов обид за воен удар за земјата и дека е фатено лицето од чија страна бил предводен овој обид.

Претседателот на Комитетот за безбедност и одбрана во склопот на Преодниот воен совет генерал на армија Џемал Омер во својата изјава емитувана преку суданската државна телевизија истакна дека бил извршен неуспешен обид за воен удар во кој учествувале воени лица на активна воена задача и пензионирани од вооружените сили и разузнавачката служба.

Генерал на армија Џемал Омер рече дека лицето кое командувало, односно го предводело овој обид за воен удар било фатено, а заедно со него биле приведени и 12 офицери и четворица подофицери од кои 7 биле на активна воена задача во вооружените сили. 

Генерал на армија Омер исто така напомена дека новиот спречен обид за воен удар имаше за цел да го поткопа конечниот договор кој што ќе се постигне со Силите на декларацијата за слобода и промена, кои претставуваат покрив формација на опозицијата.

Портпаролот на Преодниот воен совет во Судан Шемседин Кебаши претходно исто така соопшти дека обид за воен удар беше извршен и во месец јуни, во кој беа замешани група војници и политичари.



Слични вести