Бројот на загинатите цивили во експлозијата во Африн на северот на Сирија се зголеми на 11 лица

Во месноста Тирендe, во јужниот дел на населеното место Африн, во северниот дел на Сирија беше активирана експлозивна направа поставена на цистерна со гориво при што според најнови добиени информации загинаа 11 цивили, а 35 се ранети

1234167
Бројот на загинатите цивили во експлозијата во Африн на северот на Сирија се зголеми на 11 лица

Бројот на загинатите лица, цивили, во експлозијата на цистерна со гориво во која била поставена бомба во населеното место Африн, во северниот дел на Сирија се зголеми на 11, а бројот на ранетите изнесува околу 35 лица.

Во месноста Тирендe, во јужниот дел на населеното место Африн беше активирана експлозивна направа поставена на цистерна со гориво.

За време на експлозијата освен разурнувачкото дејство на бомбата, дојде и до истекување на гориво кое што предизвика пожар.

Во нападот освен тоа што според најнови добиени информации бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, а 35 лица беа ранети беше предизвикана и голема материјална штета наоколу.

Безбедносните сили стојат на можноста нападот да е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) со операцијата Маслиново гранче го исчистија подрачјето на населеното место Африн од терористите на ЈПГ/ПКК. Меѓутоа, оваа терористичка организација го продолжува своето присутво во подрачјето на Тел Рифат во југоисточниот дел на Африн , така што повремено реализираат терористички напади во ова подрачје.



Слични вести