Закана од Нетанјаху против Иран: Воените авиони Ф-35s можат да достигнат секаде на Блискиот исток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од воздушната база Неватим на југот на земјата му се закани на Иран со следните зборови: „Борбените авиони F-35s на Израел можат да достигнат секаде на Блискиот исток, вклучувајќи ги и Иран и Сирија“

1233128
Закана од Нетанјаху против Иран: Воените авиони Ф-35s можат да достигнат секаде на Блискиот исток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјавите што ги даде за време на посетата на воздушната база Неватим на југот на земјата употреби заканувачки зборови против Иран.

По обиколката на воздушната база израелскиот премиер Нетанјаху даде изјави пред еден борбен авион од типот F-35s на израелската армија и рече: „Борбените авиони F-35s со кои што располага Израел можат да достигнат секаде на Блискиот исток, вклучувајќи ги и Иран и Сирија.“ 

Нетанјаху ги употреби следните зборови: „Иран во последно време му се заканува на Израел со уништување. Треба да се присетат дека овие авиони можат да достигнат секаде на Блискиот исток, вклучувајќи ги и Иран и Сирија.“ 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој често го обвинува Техеран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, во последно време дава изјави во однос на тоа дека Израел и доколку би останал сам нема да дозволи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.



Слични вести