САД побарале од Данска да испрати војници во Сирија и да ја обучува терористичката ПЈД/ЈПГ

Во веста објавена во весникот „Политикен“ („Politiken“) се истакнува дека САД побарале од Данска да испрати војници во Сирија и да ги обучува припадниците на  ПЈД/ЈПГ, која инаку е сириски огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1233527
САД побарале од Данска да испрати војници во Сирија и да ја обучува терористичката ПЈД/ЈПГ

Се тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) побарале од Данска да испрати војници во Сирија и да ги обучува припадниците на  ПЈД/ЈПГ, која инаку е сириски огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во веста објавена во весникот „Политикен“ („Politiken“), едниот од угледните дански весници, се истакнува дека ова барање на САД било поставено на дневен ред во Комисијата за надворешна политика на данскиот Парламент и дека новата Влада на Данска која дојде на власт минатиот месец ја очекува тежок процес за како што се вели „избор помеѓу Турција и САД“.

Во веста, исто така стои дека Министерствата за одбрана и за надворешни работи на Данска се воздржале од изнесување на одреден коментар во однос на ова прашање и не е дадена било каква информација за тоа како Данска ќе одговори на барањето на САД.

Инаку, Социјалдемократската партија во Данска формира малцинска влада која е поддржана од надвор од Социјалистичката народна партија и Црвено-зеленaта коалиција на Данска, кои пак следат умерена политика кон ПЈД/ЈПГ.



Слични вести