Поради добиена дојава за подметната бомба евакуирано седиштето на ДИТИБ во Келн
По добиената дојава за подметна бомба поради безбедносни причини, полицијата го евакуираше седиштето на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ или DİTİB), во чиј состав се наоѓа и Централната џамија во Келн

Седиштето на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ или DİTİB) во германскиот град Келн, е евакуирано поради добиена дојава за подметната бомба.
Според добиени информации, од страна на една екстремно десничарска организација по име „Волксфронт“ по електронска пошта била испратена дојава за подметната бомба до ДИТИБ и потоа оваа дојава за бомба била доставена до полицијата.
Поради безбедносни причини, полицијата го евакуираше седиштето на ДИТИБ, во чиј состав се наоѓа и Централната џамија во Келн, а беа преземени и високи безбедносни мерки со што областа беше земена под безбедносен обрач.
Улиците во квартот Ехренфелд каде се наоѓа и Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ или DİTİB) беа затворени за сообраќај, а беа сопрени и железничките и трамвајските линии во областа.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји