Во напад на терористичката организација Боко Харам во Нигерија загинаа 10 војници

Терористичката организација Боко Харам изврши напад врз воен пункт во провинцијата Борно во североисточниот дел на Нигерија во кој загинаа 10 војници, 14 се ранети, а голем број војници се водат како исчезнати

1231692
Во напад на терористичката организација Боко Харам во Нигерија загинаа 10 војници

Во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на западноафриканската држава Нигерија загинаа 10 војници, 14 се ранети, а голем број војници се водат како исчезнати.

Според вестите објавени во националниот печат, во вооружениот напад извршен од страна на терористичката организација Боко Харам на еден воен пункт во областа Дамбоа во провинцијата Борно во североисточниот дел на земјата, загинаа 10 војници, 14 се ранети, а голем број војници се водат како исчезнати.

Во акциите на колективно насилство на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лциа.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица.



Слични вести