Владата на национално единство на Либија изврши напад врз силите на Хафтар

Силите на либиската влада на национално единство погодија нови позиции на силите на генералот Халифа Хафтар во јужниот дел на главниот град Триполи

1231693
Владата на национално единство на Либија изврши напад врз силите на Хафтар

Меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија соопшти дека во јужниот дел на главниот град на Триполи се погодени нови позиции на силите на пензионираниот генерал Халифа Хафтар.

Мустафа ал-Меџи, портпаролот на операцијата Буркан ал-Гадаб која што Владата на национално единство на Либија ја започна против силите на пензионираниот генерал Халифа Хафтар, истакна дека е реализирана операција врз Ал-Ахја, Ал-Берије, Ес-Сеис и Ал-Казирма од оската на поранешниот аеродром на Триполи. 

Меџи рече дека доколку се воспостави контролата во оските каде што продолжуваат судирите, ќе биде заземен и поранешниот аеродром на Триполи.

Инаку, пензионираниот генерал Халифа Хафтар на 4 април започна воени операции против меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија која воедно е призната и како единствена легитимна управа во земјата. 

Силите на генералот Хафтар се обидуваат да го заземат главниот град на Либија, Триполи.



Слични вести