12. Вонреден самит на Африканската унија (АУ) во Нигер

Домаќинот на самитот, претседателот на Нигер Махамаду Исуфу истакна дека со ставањето во примена на Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA) ќе се обезбеди голема предност за земјите од континентот

1231733
12. Вонреден самит на Африканската унија (АУ) во Нигер

Лидерите на Африканските земји се состанаа во Нигер по повод 12-от Вонреден самит на Африканската унија (АУ).

Според вестите објавени во локалниот печат, лидерите на африканските земји кои учествуваат на самитот кој што започна во главниот град на Нигер, Ниамеј, под строги безбедносни мерки, разговараа за голем број заеднички прашања, вклучувајќи ги и прашањата за премин кон користење на заедничка валута, безбедноста и тероризмот, а на чело со   договорот за договорот за Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA).

Домаќинот на самитот, претседателот на Нигер Махамаду Исуфу во говорот што го одржа пред присутните истакна дека со ставањето во примена на Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA) ќе се обезбеди голема предност за земјите од континентот.

„Доколку постепено бидат укинати тарифите (царините) во трговијата внатре во Африка, благодарение на Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA) фирмите на континентот ќе доловат големи трговски можности.“ - рече нигерскиот претседател Махамаду Исуфу.

Кусо време пред церемонијата на отворање на самитот, Нигерија, Бенин, Габон и Екваторска Гвинеја го одобрија договорот за Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA).

Овој договор за кој што со неговото потпишување од страна на 22 африкански земји беше постигнат компромис на 30 мај, претставува договор за слободна трговска зона во кој учествуваа најголем број земји од формирањето на Светската трговска органзиација (СТО).

Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA) располага со население од 1,2 милијарди луѓе и со бруто домашен производ (БДП) во износ од 2,5 трилиони долари.

Договорот е потпишан од страна на сите африкански земји, со исклучок на Еритреја.

Африканската континентална слободна трговска зона (AfCFTA) овозможува намаление дури до 90 отсто во царинските даноци во трговијата внатре во континентот.



Слични вести