Телефонски разговор помеѓу Рухани и Макрон посветен на нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рухани и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор посветен на нуклеарниот договор

1231519
Телефонски разговор помеѓу Рухани и Макрон посветен на нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рухани и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор. 

Рухани во телефонскиот разговор се осврна на санкциите кои што Соединетите Американски Држави (САД) по повлекувањето од  нуклеарниот договор почнаа да ги спроведуваат врз Иран, рече дека  покажуваат "стратешко трпение" и упати повик за стопирање на санкциите.

Рухани истакна дека тоа ќе претставува почеток на ново движење меѓу САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Францускиот претседател Емануел Макрон исто така потсети дека неговата земја е против повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од нулеарениот договор.

Макрон нагласи дека Европската унија (ЕУ) посакува да се зачува нуклеарниот договор.

Инаку, денеска истекува 60 дневниот рок кој што Иран им го даде на страните потписнички на нуклеарниот договор за да преземат мерки против санкциите на Соединетите Американски Држави (САД).



Слични вести