Валстром: Тешко е настаните од 1915 година да ги признаеме како геноцид

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром истакна дека тешко е настаните од 1915 година да бидат признаени како геноцид

1231388
Валстром: Тешко е настаните од 1915 година да ги признаеме како геноцид

Министерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром на одржаниот состанок на претставниците на странскиот печат во земјата, одговори на едно поставено прашање "Дали шведската влада ќе ги признае тврдењата за геноцид во врска со настаните од 1915 година?". 

Валстром истакна дека тешко е настаните од 1915 година да бидат признаени како геноцид.

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром рече: "Тешко се гледа да ги признаеме тврдењата за геноцид во врска со настаните од 1915 година. За да ја прогласите една земја како извршител на геноцид треба да располагате со силни докази."

Потсетувајќи дека за истражување на тврдењата за кои станува збор е формирана комисија, Валстром рече: "Тешко е да се добие резултат по ова прашање. Впрочем нема жив сведок кој ги доживеал овие настани. Некои земји тоа го признаа (прифатија) како геноцид. Тоа малку го оценувам за нездраво. Бидејќи откако ќе се донесе една таква одлука, потоа треба да се фрлат одредени чекори. Тоа пак, вас постојано ве приврзува."

Во врска со случајот со палење на муслиманската света книга Куранот во Данска од страна на екстремните десничари кои за време  на месецот на муслиманскиот пост Рамазан протестираа против приредената ифтарска програма пак, шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром рече: "Јас сум против секој вид фанатизам. Провокациите кои што прават преку религијата се многу опасни. Треба да изнајдеме сфери на заедничко живеење. Треба да зборуваме едни со други и да ја развиваме културата на заедничко живеење (соживот)."



Слични вести