Бројот на загинатите цивили во нападите на Асадовиот режим во Идлиб се зголеми на 19

Бројот на загинатите цивили во нападите на режимските сили врз населените места во подрачјето на градот Идлиб во Сирија се зголеми на 19, а десетици цивили се ранети

1231400
Бројот на загинатите цивили во нападите на Асадовиот режим во Идлиб се зголеми на 19

Во воздушните и копнените напади на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи врз населените места во "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" во Сирија, од синоќа со пладневните часови загинаа 19 цивили, а десетици цивили се ранети.

Во нападите кои што продолжуваат од синоќа загинаа уште 5 цивили и бројот на загинатите од 14 се зголеми на 19.

Режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и странските терористи поддржани од Иран и Русија, почнувајќи од попладневните часови реализираа воздушни и копнени напади врз населените места Кефренбил и Хан Шејхун, месностите Бидама и Михамбил и селата Хас, Бсида, Рекаја, Маритхирма, Сихјан, Мсибин, Кеферин,  Кеферсеџне, Термела, Бсанкол, Урејнибе, Ерменаја, Кирмит, Сермин, Хиш, Абиеин и Амрије во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб".

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), по вестите за 14 загинати цивили, загинаа уште 5 цивили од кои двајца во населеното место Хан Шејхун, двајца во месноста Михамбил и еден цивил во селото Кирмит.

Екипите за Цивилна одбрана продолжуваат со активностите за пребарување и спасување под рушевините и се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите во нападите.

Заедно и со загинатите во пладневните часови, бројот на загинатите цивили од синоќа наваму од 14 се зголеми на 19.



Слични вести