Во Грузија бил спречен обид за државен удар

Грузиското главно јавно обвинителство соопшти дека за време на протестите во Тбилиси некои демонстранти се обиделе да извршат државен удар и овој обид бил спречен од страна на полициските сили

1230455
Во Грузија бил спречен обид за државен удар

Грузиското главно јавно обвинителство соопшти дека за време на протестите кои што започнаа во знак на реакција против говорот на еден руски пратеник на 26-от состанок на Меѓупарламентарната Асамблеја на православните земји што се одржа во главниот град Тбилиси, каде што им се обрати на грузиските пратеници на руски јазик и тоа од местото на претседателот на грузискиот парламент, некои демонстранти се обиделе да извршат државен удар и овој обид бил спречен од страна на полициските сили.

Јавниот обвинител Кока Катситадзе на одржаната прес конференција во грузиското главно јавно обвинителство, потсети дека откако за време на опсадата на зградата на Парламентот од страна на демонстрантите на 20 и 21 јуни некои групи применуваа насилство, главното јавно обвинителство и грузиското министерство за внатрешни работи спроведоа заедничка истрага.

Велејќи дека некои демонстранти ноќта на 20 јуни влегле насилно во парламентот и се обиделе да ја преземат власта, Катситадзе рече: „Според доказите обезбедени во текот на истрагата и изјавите на десетици сведоци, главното јавно обвинителство стои на тоа дека некои лица ноќта на 20 и 21 јуни со употреба на сила планирале да ја соборат владата и насилно да ја преземат власта во земјата.“

Катситадзе напомена дека лицата за кои станува збор планирале најпрвин насилно да ја преземат зградата на парламентот, а потоа да реализираат провокативни акции низ земјата.

Тој рече дека овој обид бил спречен од страна на грузиските полициски сили.

Јавниот обвинител Кока Катситадзе исто така додаде дека продолжува истрагата и во врска со тврдењата околу тоа дека лидерот на главната опозициона партија „Единствено национално движење“ Никанор Мелија бил подложен на насилство пред зградата на парламентот и дека некои припадници на полициските сили употребиле непропорционална сила против демонстрантите.



Слични вести