Сирискиот режим за 2 месеци претрпе тешки загуби во подрачјето на Идлиб

Сириски опозиционери истакнуваат дека во реализираните операции во последните 2 месеци се убиени најмалку 900 припадници на режимските сили од кои 150 со чинови, а исто така се ранети и повеќе од 1.700 војници на режимот

Сирискиот режим за 2 месеци претрпе тешки загуби во подрачјето на Идлиб

Воените опозиционери и вооружените групи кои војуваат против режимот на Бешар Асад во Сирија, во операциите кои што ги реализираа против нападите на режимските сили во последните два месеци неутрализираа најмалку 900 режимски сили во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Мухамед Рашит, портпарол на армијата Насир под покривот на Националниот фронт за ослободување, од компонентите на Слободната сириска артмија (ССА), изјави дека Асадовиот режим постојано води напори за да напредува во руралните подрачја на градовите Идлиб и Хама, но напомена дека воените опозиционери и вооружените групи кои војуваат против режимот успешно се спротивставуваат и ги одбиваат нападите.

Мухамед Рашит рече: „Напредувањето на режимот беше сопрено откако ги вративме стратешките места како Тел Мелех и Џубејин. Од друга страна, во сееврните и западните рурални подрачја на Хама поради тоа што оваа област е низинска, реализиравме ненадејни и неочекувани операции. Со оваа тактика му нанесовме големи загуби на режимот.“

Велејќи дека во реализираните операции во последните 2 месеци се убиени најмалку 900 припадници на режимските сили од кои 150 со чинови, Рашит додаде дека исто така се ранети и повеќе од 1.700 војници на режимот. 

Тој потсети дека од мај досега се уништени 24 тенкови, 9 оклопни транспортери на персонал, голем број оклопни возила, 19 противтенковски лансирни рампи, 24 топови и 2 градежни машини, а воедно се соборени и 4 беспилотни летала по име „Ебабил 3 и 4“ на терористичките групи поддржани од Иран.

Како што се дознава, загубите на режимските сили се многу поголеми и дека овие наведени бројки се однесуваат само на утврдените загуби.



Слични вести