Рускиот претседател Владимир Путин во еднодневна официјална посета на Италија

Рускиот претседател Владимир Путин привлече внимание кон тоа дека ситуацијата во Либија постепено се влошува и во врска со случувањата во оваа земја го обвини НАТО

1230578
Рускиот претседател Владимир Путин во еднодневна официјална посета на Италија
putin-mattarella.jpg
putin-conte.jpg
putin-papa.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин во главниот град на Италија, Рим, каде што замина во еднодневна официјална посета се состана со духовниот лидер на католичкиот свет претседателот на Ватикан папата Франциск, со италијанскиот претседател Серџио Матарела и со премиерот Џузепе Конте.

Како што се истакнува на средбата на Путин со папата Франциск, било разговарано првенствено за кризите во Сирија, Венецуела и Украина.

Се вели дека привлече внимание тоа што на крајот на средбата папата Франциск му рекол на Путин „Моли се за мене“, на што пак рускиот претседател Владимир Путин одговорил со зборовите „Ви благодарам за времето кое што го одделивте за мене. Беше интересна и мошне значајна средба.“ 

Рускиот претседател Владимир Путин се состана и со италијанскиот премиер Џузепе Конте со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Во оваа пригода Путин привлече внимание кон тоа дека ситуацијата во Либија постепено се влошува и во врска со случувањата во оваа земја го обвини НАТО.

Тој рече: „Државата Либија е срушена со одлука на НАТО. Резултатот го гледаме. Хаос. Во земјата се судруваат вооружени групи. Ние сакаме во најскоро време да се прогласи прекин на огнот, да започне дијалог меѓу страните и да се премине кон процес на нормализирање.“

Правејќи проценка и на санкциите на Европската Унија (ЕУ) кои што беа продолжени до 23 јуни 2020 година, а поради незаконската анексија на Крим и Сивастопол од страна на Русија, Владимир Путин изрази уверување дека во новиот период кој што ќе започне со промената на челните позиции на Европската унија (ЕУ) ќе се обноват и односите меѓу Русија и Унијата.

„Поради санкциите и земјите на Европската унија (ЕУ) губат милиони долари. Меѓутоа, ставањето крај на санкциите не е поврзано со Русија.“ - рече рускиот претседател Владимир Путин.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте пак, истакна дека граѓанската војна во Либија и мигрантскиот проблем се „заедничка загриженост“ за двете земји и го подвлече следното: „Им даваме заедничка поддршка на Обединетите нации (ОН) за постигнување брз прекин на огнот во Либија.“

 



Слични вести