Прослави во САД по повод одбележувањето на 4 јули 243. годишнината од Денот на независноста

Американскиот претседател Доналд Трамп премина во историјата како прв претседател кој на прославите на 4 јули Денот на независноста, по изминати 70 години, им се обрати на граѓаните пред споменикот на Линколн

Прослави во САД по повод одбележувањето на 4 јули 243. годишнината од Денот на независноста
abd bagimsizlik gunu1.jpg
abd bagimsizlik gunu2.jpg
abd bagimsizlik gunu3.jpg
abd bagimsizlik gunu4.jpg
abd bagimsizlik gunu5.jpg

Соединетите Американски Држави (САД) со церемонии низ целата земја ја одбележаа 243. годишнината од 4 јули Денот на независноста.

Американскиот претседател Доналд Трамп премина во историјата како прв претседател кој по изминати 70 години им се обрати на граѓаните пред споменикот на Линколн.  

Делот од прославите во главниот град Вашингтон дење започнаа со традиционалната воена парада.

На прославите кои што беа одржани ноќта пак, својот белег го удрија тенковите, воените авиони и претседателот Доналд Трамп.

На специјалната прослава на која различно од претходните години зазедоа место и тенкови и воени авиони, американскиот претседател Доналд Трамп го запиша своето име како прв претседател кој  о изминати 70 години им се обрати на граѓаните пред споменикот на Линколн.

За прв пат беше затворен за летање воздушниот простор над Вашингтон.

Тенковите Абрахамс тешки 70 тони и тенковите Шерман чие производство е прекинато во 1940-сетите години, беа распоредени на улицата зад споменикот на Линколн.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање кое што го одржа зад непробојно стакло изнесувајќи примери попјасни дека американската нација е голема и значајна нација во светската историја и особено го нагласи значењето на американскиот патриотизам.  

Трамп низа пати алудираше на американската армија и укажа на значењето на пожртвуваноста на припадниците на армијата.

За време на говорот на претседателот Трамп на небото летаа американски воени авиони.

Од друга страна, на церемонијата својот белег го удрија и протестите.

Жените членови на „CodePink“ протестираа против Трамп со мобилни телефони во своите раце и со кукла на џиновски балон во форма на бебе Трамп во пелени.

Во меѓувреме, е уапсен и еден демонстрант пред Белата куќа кој се обидувал да го запали американското знаме.

4 јули Денот на независноста беше прославен со различни манифестации и во градот Њујорк.

Спектакуларниот 43-ти традиционален огномет Macy's кој што надлежните го окарактеризираа како „најголема манифестација со огномет на САД“, беше приреден над реката Ист Ривер во близина на Бруклинскиот мост.



Слични вести